Top Sport

Хрватите со колапс против Франција

Хрватска водеше цел меч, но на крајот загуби со 30:26 од Франција во квалификациите за ракометниот турнир на Олимписките игри во Токио, поставувајќи се во тешка ситуација во групата 2 на мини-турнирот во Франција.

Хрватите имаа и +5 (17:12) предност во мечот, но на крајот загубија поени и сега ќе мораат да одат на победа против Португалија, која претходно со 34:27 го совлада Тунис. На Олимпијада ќе одат првопласираните две екипи во групите.

Во групата 3 пак, Словенија започна со рутинска 36:28 победа над Алжир, додека Шведска и Германија во драматичен меч ги поделија бодовите со 25:25 реми. Драган Гајиќ имаше шест гола за Словенците, Блаж Јанц додаде пет, додека Масуд Беркус со седум беше најдобар кај Алжирците.

Германците почнаа подобро од Швеѓаните и имаа минимална 14:13 предност на полувреме, но во финишот „трите круни“ израмнија и поведоа со 25:23, пред Марсел Шилер со два гола да избори поен.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА 1

Чиле – Јужна Кореја 35:36 (11:19)

Норвешка – Бразил 32:20 (17:12)

ГРУПА 2

Тунис – Португалија 27:34 (11:15)

Франција – Хрватска 30:26 (15:17)

ГРУПА 3

Германија – Шведска 25:25 (14:13)

Словенија – Алжир 36:28 (17:11)

Scroll to Top