Top Sport

Хрватките не знаат за пораз, Русинките се намачија со Црна Гора

Хрватската ракометна репрезентација ја забележа и четвртата победа во низа на Европското првенство во Данска и Норвешка, откако со 25:20 ги победија Романките за искачување на првото место во групата 2 во втората фаза на шампионатот. Црна Гора пак, повторно се бореше до крај, но повторно беше поразена, овојпат од едни од фаворитките за медал, Русинките со 24:23.

Хрватска успеа да се врати од раната негатива од четири гола, за да не дозволи враќање на Романките, кои се на последното место во групата без пренесени поени од првата рунда. Валентина Блажевиќ беше најрасположена за игра со 7 гола, а по четири додадоа Јежиќ, Лариса Калаус и Мицијевиќ. Шесте гола на Кристина Неагу не беа доволни за Романките.

Црногорките предводени од осумте одбрани на голманката Мартина Батиновиќ во првото полувреме беа израмнети со Русија на 14:14, но во последните десет минути од мечот, Дарја Дмитриева одбрани два пенали, а Олга Фомина постигна два гола, за тие да се одвојат на 24:20 на четири минути пред крајот. И покрај импресивниот камбек, Црногорките дојдоа само на гол разлика 24:23. Ведехина, Самохина и Фомина имаа по четири гола за Русија, додека Јелена Деспотовиќ со седум гола беше најефикасна кај Црна Гора.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, ВТОРА ФАЗА

ГРУПА 1

Русија – Црна Гора 24:23 (13:13)

Франција – Шпанија 20.30 ч.

Табела: 1.Русија 6, 2.Франција 4, 3. Данска 2, 4.Шведска 1, 5.Шпанија 1, 6.Црна Гора 0

ГРУПА 2

Хрватска – Романија 25:20 (14:10)

Холандија – Норвешка 20.30 ч.

Табела: 1.Хрватска 6, 2.Норвешка 4, 3.Холандија 2, 4.Германија 2, 5.Унгарија 0, 6.Романија 0

Scroll to Top