Top Sport

Хрватките стартуваа со пораз, повторно виновни судиите

Хрватската женска ракометна репрезентација стартуваше со убедлив 25:30 пораз на Светското првенство во Шпанија, во најголемото изненадување на првиот полн ден од натпреварувањата на Мундијалот.

Бразилките водеа од почеток до крај, а имаа и предост од 9 гола, за убедлива победа и сигурен старт. Бруна де Паула имаше 7 гола за Бразил, а за Хрватска исто толку голови постигна Валентина Блажевиќ. И покрај тоа, поразот не мора да значи многу за Хрватска – од секоја група понатаму одат дури 3 репрезентации, а во групата на Хрватките се и Парагвај и Јапонија. Нивниот селектор, Ненад Шоштариќ ги обвини судиите за поразот.

„Не сум видел вакво нешто во ракометот, кој дава исклучување за обичен фаул во 30. секунда од мечот? По ова, дојде стравот за игра во одбраната и стравот во играта во нападот. Катастрофа“, изјави Шоштариќ.

25. СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ШПАНИЈА

ГРУПА Е

Германија – Чешка 31:21 (17:10)

Унгарија – Словачка 35:29 (16:16)

ГРУПА Ф

Јужна Кореја – Конго 37:23 (22:11)

Данска – Тунис 34:16 (16:8)

ГРУПА Г

Хрватска – Бразил 25:30 (12:18)

Јапонија – Парагвај 40:17 (19:10)

ГРУПА Х

Австрија – Кина 38:27 (22:13)

Scroll to Top