Со малку среќа и со голем срце, Хрватска по третпат се пласираше во финалтео на Европското првенство во ракомет, откако Жељко Муса во последните секунди постигна гол за 29:28 победа по четири продолженија во драматично шведско попладне.
По 60 возбудливи минути, резултатот беше 23:23, а откако во првото продолжение се постигна само по еден гол (24:24), „викинзите“ на крајот беа поефикасни во нападот за голема победа. Хрватска имаше златна шанса да израмни со пенал досуден по крајот на продо
Во првото полувреме, Хрватите играа посебно добро во одбраната, на чиј „грб“ се направи разликата од два гола на полувреме (12:10), но Норвешка не се предаде и беше далеку подобра на почетокот на второто полувреме, враќајќи се и поведувајќи со 17:16.
Сепак, Норвежаните не успеаја да направат разлика од повеќе од еден гол, и Хрватска се врати со водство од 23:22 на три минути пред крајот, најмногу благодарение на двете одбрани на пенали на Матеј Ашанин. Продолженијата беа исто толку драматични, со малку голови откако двата тима не успеаја да се одвојат, за на крајот Муса да стане хрватски херој!
Домагој Дувњак со осум гола беше најефикасен кај Хрватите, а шест имаше Марино Мариќ, додека стандардно Сандер Сагосен со десет гола беше прв стрелец на Норвешка.
Во второто полуфинале, вечерва во 20.45 часот се среќаваат актуелниот шампион, Шпанија и Словенија под водство на новиот селектор Љубомир Врањеш.
Zeljko Musa’s third goal of the tournament – and the one which really counts!@HRStwitt ??#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/ZxruhSscMU
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2020
Watch the Game Highlights from Norway vs. Croatia, 01/24/2020 pic.twitter.com/zgmcLtMcM6
— EHF EURO (@EHFEURO) January 24, 2020