Откако норвешката ѕвезда Сандер Сагосен се пожали на условите на Светското првенство во Египет, споредувајќи ја атмосферата со „Дивиот запад“ и хрватскиот селектор Лино Червар изрази незадоволство од ситуацијата во Египет, откако нивниот физиотерапевт објави фотографија со теренско возило со војници предн ивниот автобус.
„Што да ви кажам за организацијата. Кога одиме на тренинг, гледам шест оклопни возила, како да одиме во војна. Никогаш не сум бил на големо натпреварување на кое мораш толку да се снаоѓаш. Постојано има страв дека нешто ќе се случи. Но, дечките се прилагодуваат и едвај чекаат да почнат натпреварите“, вели Червар пред мечот со Јапонија.
Златко Хорват, пак, не ги потврди зборовите на Сагосен дека се работи за „Див запад“.
„Кај нас засега работите се добри. Има некои мали проблеми, но ние сме во летувалиште, каде што можеш да се прошеташ. Најголем проблем е патот до салата, но и на тоа ќе се навикнеме“, додава ракометарот на Металург.