ЧСМ Букурешт, откако ја обезбеди четвртата титула во низа во Романија ги потврди трансферите на Елизабет Оморегие од Крим и Барбара Лазовиќ од Вардар.
Лазовиќ е четврта ракометарка на Вардар која од Скопје се сели во Букурешт во текот на летото по потписите со Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ. Лазовиќ играше четири години во Скопје и потпишува едногодишен договор со ЧСМ.
„Среќна сум што ќе се приклучам на ЧСМ Букурешт по четири години во Вардар. Секоја промена е тешка, но се надевам дека ја направив вистинската одлука и едвај ги чекам новите предизвици. ЧСМ е клуб со големи амбиции и беше мој прв избор“, вели 30-годишната Словенка.
Фото: ЕПА