Top Sport

Играчите го кренале гласот, Вујовиќ доби отказ

Веселин Вујовиќ повеќе не е селектор на ракометната репрезентација на Словенија. Ракометниот сојуз на оваа земја на барање на играчите го раскина договорот со Вујовиќ. Словенците сега имаат малку време да најдат селектор бидејќи Европското првенство ќе започне за нешто повеќе од еден месец.

Иако во официјалното соопштение на Ракометниот сојуз на Словенија се наведува дека Вујовиќ е сменет бидејќи резултатите не бле врвни и дека на тимот му е потребна нова енергија, медиумите шпекулираат дека неколкумина играчи се заканиле дека нема да играат додека е тој селектор.

Ова е поврзано со неодамнешниот скандал што го предизвика Вујовиќ на тајм-аутот на натпреварот помеѓу Загреб и Мешков Брест. Тогаш тој на играчот Алекс Влахо му рекол: „Умри, умри да не гледам повеќе“.

Првиот човек на РС на Словенија Фрањо Бобинац веднаш ја критикувал постапката со зборовите дека тоа е „непримерен гест“, а поранешниот репрезентативец Миха Звижеј на социјалните мрежи напишал: „Вие овој човек го нарекувате легенда“.

Со Вујовиќ на селекторската позиција Словенија освои бронза на Светското првенство во 2017 година.

На ЕП што ќе се одржи наредната година Словенија се наоѓа во група со Шведска, Полска и Швајцарија.

 

Вујовиќ збесна на тајм-аут (Видео)

Scroll to Top