Top Sport

Историски „распад“ на Хрватска против Данска, Катар во четврт-финале

Иако одамна беше јасно дека работите не функционираат како што треба во хрватската репрезентација, по неубедливите победи во првите мечеви и шокантниот пораз од Аргентина, никој не очекуваше во меч кој требаше да биде одлучувачки, „коцкестите“ на Лино Червар да доживеат вистински дебакл и „распад на системот“ со 38:26 поразот од Данска.

Откако Катар им направи „услуга“ и ги победи Аргентинците, на Хрватска и беше потребна победа над Данска, репрезентација ослабена од стомачниот вирус кој „хара“ во Египет и репрезентација без многу мотиви – обезбедно прво место во својата група.

Ако во првото полувреме, Данците беа во предност, но водеа само со два гола, второто полувреме ја покажа слабоста на „каубојците“ и стариот ривал стигна до можеби најлесната победа во меѓусебните дуели, доминирајќи во нападот и одбраната и веќе во 41-та минута стигнаа до 10 гола разлика.

Јакобсен постигна осум гола за Данска, Холм имаше шест, додека за Хрватите, Мариќ заврши со шест гола, а Карачиќ имаше пет.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Данска – Египет

Шведска – Катар

Шпанија – Норвешка

Франција – Унгарија

СП РАКОМЕТ 2021, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 1

Бразил – Уругвај 37:17 (18:7)

Шпанија – Унгарија 36:28 (21:14)

Полска – Германија 23:23 (12:11)

Табела: 1.Шпанија 9, 2.Унгарија 7, 3.Германија 5, 4.Полска 5, 5.Бразил 3, 6.Уругвај 0

ГРУПА 2

Бахреин – Јапонија 25:29 (12:19)

Аргентина – Катар 25:26 (13:12)

Данска – Хрватска 38:26 (17:15)

Табела: 1.Данска 10, 2.Катар 6, 3.Аргентина 6, 4.Хрватска 5, 5.Јапонија, 6.Бахреин 0

Scroll to Top