Top Sport

Грешката на Лампард е конфликтот со дамата Грановскаја

Одлуката на Френк Лампард да влезе во конфликт со директорот на клубот, Марина Грановскаја била клучна за неговиот отказ од клупата на Челси, тврди британскиот „Атлетик“.

Според нивните извори, одлуката за отказ дошла по едномесечна потрага за негова замена во период кога односите меѓу Грановскаја и Лампард се „распаднале“. Веднаш по објавата за отказот, поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел беше појавен како главен кандидат, но според „Атлетик“, прв избор бил тренерот на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман, кој ја одбил понудата.

Лампард во текот на летото ги доби Каи Хаверц (97 милиони долари), Тимо Вернер (61 милиони долари), како и Бен Чилвел (52 милиони долари), покрај претходно договорениот Хаким Зијеш и слободниот трансфер на Тијаго Силва. Еден од факторите за отказот бил и најскапиот голман во историјата, Кепа Аризабалага, со кого Лампард се „судрил“ и барал замена, по што и таа желба му беше услишена со носењето на Едуар Менди како негова замена.

Кога Лампард во декември побарал клубот во јануари да го донесе и Деклан Рајс од Вест хем, фудбалер кој Челси го отпуштија како тинејџер, за сума од над 90 милиони долари, Грановскаја решила да стави крај на приказната.

Навивачите на Челси се свртеа и против „најмоќната жена во фудбалот“

Scroll to Top