Македонскиот ракометен стратег Иван Марковски ќе биде нов селектор на женската репрезентација на Кина. Тој заминува на Далечниот Исток и во првиот период ќе работи како тренер на женскиот ракометен тим Шандонг. Потоа, до крајот на годината се очекува Марковски да ја преземе и женската сениорска репрезентација на Кина.
Договорот е потпишан на 3,5 години и главната цел на Марковски ќе биде да го пренесе знаењето и да го подигне нивото на женскиот ракомет во Кина.
Екипата на Шандонг е од истоимениот град од провинцијата Веихаи, а од Шандонг има дури шест репрезентативки на Кина.