Поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван, ја презеде ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина. 54-годишниот тренер дојде на местото на Билал Шуман.
Одлуката за смена на Шуман, претставува големо изненадување, бидејќи Ракометниот сојуз на Босна и Херцеговна пред еден месец потпиша нов, четири годишен договор со селекторот.
Образложението за смената е бизарно, во Сојузот не биле задоволни од резултатите што ги постигнал Шуман со репрезентацијата.
Ивица Обрван ќе дебитира на 8.март, кога Босна и Херцеговина, во квалификациите за пласман на Европското првенство ќе игра против Австрија.
Покрај Македонија, Обрван во кариерата ги предводел Метковиќ, Медвешчак, Горење, Загреб и Шамбери.