Top Sport

Извлечени се групите за традиционалниот турнир во Струга

Извлечени се групите за традиционалниот ракометен турнир во Струга. Поради пандемијата на коронавирусот годинава на турнирот ќе играа само екипи од Македонија. Натпреварите на отвореното игралиште „Горан Попоски-Гобец“ ќе се играат без присуство на публика.

Струшкиот ракометен турнир годинава ќе се одржи од 12 до 16 август.

Носители на ждрепката беа Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар за противници во А групата ги доби Бутел, Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

Во Групата Б покрај Еурофарм Пелистер ќе се натпреваруваат Металург, Прилеп и Струга.
Организаторите во најскоро време треба да го објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите.

фото/ohridnews.com

Scroll to Top