Србија беше првата репрезентација која ги загуби шансите за пласман во полуфиналето на Европското првенство во Хрватска, по што нивниот легендарен репрезентативец Недељко Јовановиќ влезе во остри критики кон играчите.
„Не сфаќам што тоа играме ние. Имаше натпревари во кои крилата воопшто не добија топка. Нема борбеност, одбраната е лоша, топката споро се движи, идеја никаде… Последниот медал го освоивме пред шест години и ќе чекаме многу додека дојде следната“, изјави Јовановиќ.
Јовановиќ со репрезентацијата на СР Југославија стигна до бронзен медал на Светското првенство во 1999 и 2001 година.
Српските медиуми исто така известуваа за наводната тепачка во сплит меѓу селекторот на репрезентацијата Јовица Цветковиќ и потпретседателот на сојузот, Драган Шкрбиќ.
„Што да се каже за тоа? Тажно е, сите ни се смеат. Тоа не смее да се случи на големите натпреварувања. Подобро играчите да се степаа во соблекувалната“, вели Јовановиќ.
Лудо е кај Србите: Селекторот и потпретседателот се фатиле за гуша