Top Sport

Јовиќ: Голманите ни го донесоа триумфот над Нексе

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го победи Нексе со 27:23 и се пласира на второто место во групата од СЕХА лигата. Тоа беше и триумфално деби за новиот тренер Александар Јовиќ на клупата на „пелистерци“.

„Убав старт на моето ново поглавје во кариерата. Мислам дека со одлична енергија и емоција направивме разлика против силниот тим на Нексе. Нашите голмани одбранија многу топки, фатија четири седмерци и тоа ни беше голема поддршка да победиме и да го обезбедиме второто место“, изјави Јовиќ по триумфот.

Еурофарм Пелистер сега ја чека разврската во другата група каде што се Вардар, Војводина и Татран Прешов за да го дознае ривалот во нокаут фазата од СЕХА лигата.

Scroll to Top