Македонската кадетска ракометна репрезентација стигна до четвртата победа во низа на ЕХФ шампионатот во Грузија, откако со 32:31 ја совлада Швајцарија за да добие најдобра позиција за полуфиналето од групата А.
Швајцарците требаа да бидат најсериозен тест за момците, кои имаа одличен старт на мечот и стигнаа до водство од шест разлика (13:7), пред Швајцарците да се вратат за 15:12 на полувремето. Кадетите имаа и пет гола разлика на 20 минути пред крајот на мечот, но повторно во финишот дозволија противникот да се врати со низа од 7:0 и водство од 23:21.
Сепак, со Марко Кизиќ на голот, и со одлична игра во нападот, момците пак направија пресврт за 29:27, по што го довршија мечот и со гол разлика стигнаа до четврта победа.
Кизиќ на голот имаше 12 одбрани, а во нападот најдобар беше Серафимов со 10 гола, додека Каковски имаше пет.
Пред полуфиналето, момците на селекторот Данило Брестовац во четврток играат против претпоследниот во групата, Естонија.