Македонската ракометна репрезентација до 18 години со победа од 32:30 над Литванија го отворија М18 ЕХФ шампионатот во Грузија, за победнички старт на шампионатот.
Тимот на Данило Брестовац имаше одлично прво полувреме во кое направија предност од 19:13, по што Литванците успеаја да се доближат на еден гол разлика (26:25). Сепак, концентрацијата не попушти, а Марко Кизиќ на голот беше одличен за да се врати предноста на 29:25, пред конечните 32:30.
Ненад Костески со 11 и Мартин Серафимов со 9 голови беа најдобри стрелци за Македонија, додека за Литванија, најпрецизен беше Валентукевичиус со 8 голови.
Следниот меч на првенството се игра утре (13 часот) против Луксембург, кој денеска со 32:26 беше подобар од репрезентацијата на Фарски Острови.
Фото: РФМ