Игор Карачиќ одигра спектакуларен меч за Хрватска против Шпанија (22:22). Тој постигна десет гола но во последните минути не беше на теренот откако го повреди коленото по судирот со поранешниот соиграч од Вардар, Алекс Душебаев.
„Апсолутно, не постои можност да го пропуштам полу-финалето. Ако треба ќе играм со една нога. Се е во ред, немојте да се грижите“, порачал Карачиќ.
Хрватска во полу-финалето ќе игра против Норвешка, натпреварот ќе се игра утре од 18.30 часот.