Top Sport

Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за мечевите со Луксембург и со Турција

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на играчи за претстојните квалификациски мечеви против Луксембург и против Турција.

На него има 35 ракометари, а повторно го нема Дејан Манасков, за кого селекторот претходно изјави дека „некој треба да сака да игра за репрезентацијата“, за да добие повик.

Ова се последните два натпревари за Македонија во овие квалификации. На 26 април ќе игра со Луксембург на гости, а потоа на 30 април со Турција на домашен терен.

Scroll to Top