Top Sport

Барселона го загуби Серхи Роберто до крајот на сезоната

Барселона не успеа да го победи Хетафе, но ремито без голови во 29. коло од Ла Лига може да биде последен проблем за Каталонците. По средбата стана јасно дека играчот од средниот ред Серхи Роберто ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.

31-годишниот фудбалер беше заменет во 17. минута откако почувствува силна болка во пределот на бутниот мускул.

„Многу лоша вест за Серхи Роберто. Првите тестови покажаа кинење на мускулот на левата нога. За него сезоната можеби е завршена“, објави весникот „АС“.

Подоцна беше објавено дека играчот од средниот ред ќе паузира повеќе од два месеци.

Scroll to Top