Top Sport

Ќе го преживее ли Вардар пеколот во Битола?

Актуелниот првак Вардар 1961 вечерва (19 часот) гостува во Битола и мора да остане непоразен доколку сака да ја одбрани шампионската титула. По поразот што го имаа против Алкалоид, „црвено-црните“ си ја закомпликуваа ситуацијата, иако имаа голема предност по триумфот над Еурофарм Пелистер со седум гола разлика (31:24) на првото големо дерби во Скопје.

Тогаш имаше и немили сцени меѓу навивачките групи, кои вечерва најверојатно нема да бидат дел од случувањата во салата „Боро Чурлевски“. Битолските навивачи „Чкембари“ најавија дека ќе навиваат пред салата токму поради несогласувањата со раководството околу првото дерби со Вардар во Скопје, а и „Комити“ нема да патуваат на денешниот дуел.

Тоа секако ќе го насочи фокусот кон спортот, кон ракометот, а Еурофарм Пелистер има голема шанса конечно да ја одземе титулата од вардарци, со триумф на денешната пресметка. Домашните ракометари ќе ја имаат поддршката од публиката, со оглед дека сите билети се распродадоа во експресен рок, за само 17 минути.

Големото ракометно дерби ќе го суди најдобрата судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Scroll to Top