Top Sport

ЖРК Металург нема да игра против Чаир поради неисплатени плати

Ракометарките на ЖРК Металург го известиле раководството на клубот дека нема да играат на денешниот натпревар од 7. коло во плеј-офот од женската Суперлига. Причина за тоа се неисплатени плати.

Информацијата ја соопшти претседателката на клубот, Зорица Блажевска, образложувајќи дека Металург има проблем со реализација на ваучерот и очекуваат помош од владата.

„Тешко оди со реализација на ваучер овој период, барем кај нас, сите оставаат за крај на годината. Се надевавме дека ќе си го исполни ветеното владата и директно ќе исплаќа на сметка на клубови, но ете тоа не е случај. За жал, ќе мора да ги разберам девојките и да ја прифатам нивната одлука“, изјави Блажевска.

ЖРК Металург го брани пехарот во Купот на Македонија од минатата сезона, а во првенството се наоѓа на петтото место.

Scroll to Top