Драмата околу ракометниот клуб Кјелце заврши, барем до крајот на сезоната. По повлекувањето на најголемиот спонзор од клубот, полскиот ракометен гигант Киелце се најде во речиси безизлезна ситуација. Останаа без пари, па брзо го продадоа Недим Ремили на Веспрем за да го „закрпат“ буџетот и да ја завршат сезоната. По Ремили, клубот го напуштија уште неколку играчи.
Во финишот на сезоната, клубот најде спонзор. Станува збор за Барлинек, позната полска компанија која произведува дрвени подови и ламинати. Овој индустриски гигант веднаш ќе му плати на клубот солидна сума, а ветија и бонуси во случај на успех во Лигата на шампионите. Според медиумите клубот сега ќе го носи името Барлинек индистрија Кјелце.
„Ова го правиме затоа што сме од Кјелце и го почитуваме она што овој тим го направи за градот и за полскиот ракомет. Спортските спонзорства не беа важен дел од нашата комуникација со клиентите и сега ќе видиме дали ова ќе ни помогне во бизнисот. Во меѓувреме ни е мило што можеме да помогнеме“, изјави претседателот на компанијата Војчех Михаловски.
Деталите за договорот не се објавени и прашање е дали ова е само краткорочна помош за да може клубот нормално да функционира до крајот на сезоната. Веќе се шпекулира дека Пик Сегед ја искористи кризата во клубот и собра неколку и тренерот Талант Душебаев за следната сезона.
Засега Кјелце ја продолжува трката со Висла за титулата во Полска, но и во Лигата на шампионите. Кјелце ќе го пречека Веспрем во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите.
Првиот меч е закажан во Унгарија на 11 мај, а реваншот седум дена подоцна во Полска.