Top Sport

Кокшаров веќе не е руски селектор

Поранешниот тренер на Вардар, Едуард Кокшаров потврди дека веќе не е селектор на руската ракометна репрезентација, откако „зборнаја“ не успеа да ја мине првата групна фаза на Европското првенство.

„Не можам да останам на чело на тимот, бидејќи не ја завршив својата работа. Му посакувам на тимот големи победи во иднина, за кои сум сигурен дека ќе дојдат. Благодарност до Руската ракометна федерација за довербата и за одличните услови за работа“, изјави Кокшаров.

Претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев му се заблагодари на Кокшаров за „храброста да ги признае грешките“ на Европското првенство.

Кокшаров беше тренер на Русите од јули 2017 година и под негово водство тимот имаше потпросечни резултати – 14 место на Светското првенство во 2019 и 22. место на Европското првенство оваа година, резултати по кои Русија ги загуби шансите за настап на Олимпијадата.

Scroll to Top