Вчера во Унгарија заврши Европското првенство во ракомет. Шведска го прекина 20 годишниот пост, со триумфот над Шпанија петти пат ја освои европската титула.
Поредокот на стариот континет не се менува, медали редовно освојуваат репрезентациите од Скандинавија, Шпанците и Французите.
Порталот „Totalsport.com“, објави колку, на годишно ниво заработуваат најдобрите светски ракометари.
Микел Хансен е на врвот, зад него е Никола Карабатиќ. Најбогатиот клуб во светот, ПСЖ, за Хансен и Карабатиќ годишно издвојува 2.500.000 евра.