Со триумфот над Естонија од 26:22, кадетската ракометна репрезентација на Македонија го забележа петтиот триумф во исто толку мечеви во групната фаза на ЕХФ шампионатот, со што го освои првото место и ги чека полуфинале (сабота 17.15 часот).
И покрај тоа што немаше потреба од победа, тимот на Данило Брестовац доминираше од почетокот до крајот, правејќи разлика од 16:7 во првото полувреме, за на крајот да победат со 26:22. Симоновски беше најефикасен со 7 гола, Џигероски имаше 5, а Костески 5.
Утре на Шампионатот е слободен ден, а натпреварите продолжуваат во сабота, за кога се закажани полуфиналните средби. Македонија како победник на групата А, во полуфиналето од 17:15 по македонско време, ќе се сретне со второпласираниот од групата Б.
Фото: РФМ