Top Sport

Костадин Петров ќе игра во тимот на Стевче Алушовски на Исланд

Македонскиот ракометар Костадин Петров од следната сезона ќе игра во исландскиот тим Тор Акурејри каде тренер е Стевче Алушовски. Договорот на пивотменот е на една година со опција за автоматско продолжување за уште една дополнителна сезона.

Петров минатата сезона ја почна во Металург, а ја заврши во Вардар. Ова е трето меѓународно искуство за него по трансферите во Гвадалахара од Шпанија и Универзитет Сучава од Романија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');