Легендарниот германски ракометар, Стефан Кречмар, избрал петмина најдобри во историјата на оваа игра.
На листата има двајца играчи од просторите на поранешна Југославија, двајца Скандинавци и еден Французин.
На првото место е Никола Карабатиќ, втор е поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, па следуваат Швеѓанецот Магнус Висландер, Хрватот Ивано Балиќ и Исланѓанецот Олафур Стефансон.
Кречмар не го образложил подетално својот избор.
Стефан Кречмар е еден од најдобрите германски ракометари во историјата. Во 1994 и 1995 година бил прогласен за најдобра играч во светот.
Со Германија има две сребра од големите натпреварувања, СП во Португалија во 2003 и ОИ во Атина во 2004 година.