Top Sport

Крилото Иван Чупиќ во Тимот на колото на ЕХФ како десен бек

Македонскиот ракометен шампион Вардар во четвртокот по вторпат за краток период доживеа тесен пораз 34-33 од ПИК Сегед во ракометната Лига на шампиони.

Иако по профил е десно крило, хрватскиот репрезентативец во „црвено-црниот“ дрес Иван Чупиќ мечот со Сегедин го одигра на позиција десен бек. И притоа забележа 9 гола, неколку од пенал, а зад неговото име стоеја и неколку асистенции до соиграчите.

Сосема заслужено, ЕХФ го смести во идеалниот тим на колото.

Освен него најдобри на своите позиции ова коло се: голман Кевин Мелер, Валеро Ривера, Ричард Бодо, Ајденас Маласинскас, Беноа Кунку и Артем Каралек.

Scroll to Top