Македонската ракометна репрезентација со победа ги стартуваше подготовките за Европското првенство следната година, откако на пријателски меч во Инѓија, Србија со 27:24 беше подобра од репрезентацијата на Кувајт.
Нашите репрезентативци ја имаа контролата на мечот од старт до крај, и направија предност од 14:9 во првото полувреме, по што рутински се доведе мечот до крај со проба на повеќе ракометари. Костески беше најефикасен со осум голови, додека Велковски и Маркоски имаа по четири, а Кизиќ на голот имаше 15 одбрани
Утре од 19:00 часот Македонија и Кувајт ќе одиграат и втор пријателски натпревар, по што следува настапот на романскиот „Трофеј Карпати“, пред ЕП во јануари во Виена, каде што сме во група со Австрија, Чешка и Украина.
Фото: РФМ