Македонската ракометна репрезентација попладнево ќе го одигра првиот меч на 26.Светско првенство. Јапонија ќе биде првиот противник на Македонија во Минхен. Натпреварот ќе започне во 15:30 часот.
Македонија, во Данска и Германија, шест пат ќе настапи на светските шампионати. Капитенот Кире Лазаров е единствениот во репрезентацијата што играл на сите светски првенства.
Рекордерот според бројот на постигнати голови на еден Мундијал (92 гола на СП во Хрватска во 2009 година) и на ова првенство е еден од главните кандидати за признанието што му се доделува на најдобриот стрелец.
Македонија, на Сп се натпреварува во Б-групата, а покрај со Јапонија ќе игра и против Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд.
„Лино Червар секогаш ќе биде запишан во историјата на македонскиот ракомет. Дали тоа му се допаѓа на некого или не, Лино работеше 24/7 десет години во Металург, го створи тимот и направи многу за македонскиот ракомет. Тој знае како дишеме, го знаеме и ние него, а ќе видиме како тоа ќе изгледа на теренот. Тешко е да се анализира тој дуел, колку што знам никогаш не сме ја победиле Хрватска на големите натпреварувања. Но доколку гледаме индивидуално, Хрватите играат многу подобро во репрезентацијата отколку во клубовите, а генерацијата на Балиќ, Метличиќ и Вори беше опасна поради таа приврзаност кон националниот тим“, ја пренесува порталот Индекс изјавата на Лазаров.
Македонија против Хрватска ќе игра во третото коло, на 14.јануари од 18 часот.