Кирил Лазаров постигна пет гола и беше најефикасниот во неговиот состав за да ги предводи Нант до висока 38:27 (17:13) победа над словенечкиот шампион Целје во меч од Лигата на шампионите.
Нант го почнаа настапот во ЛШ со два порази во низа, но оттогаш прво го победија данскиот Скјерн, а потоа драматично загубија минимално од ПСЖ пред да ги „нагостат“ Целје. Против словенечкиот тим, Нант беше во водство во текот на целиот меч и разликата од +4 на полувремето на крајот ја претвори во висока победа од 11 гола разлика.
Покрај Лазаров пет гола за Нант постигна и Балагуер, додека за словенечкиот тим најефикасен беше Вујовиќ со пет гола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО
Елверум – Рихимаки Кокс 28:27 (15:14)
Нант – Целје 38:27 (17:13)
C’est terminé au PSB ! Belle victoire du “H”en @ehfcl qui a dominé son adversaire slovène de Celje @RKCPL ?? ! 38-27 ! ?#HBCNRKCPL pic.twitter.com/A2TPOJ1hS9
— HBCNantes (@HBCNantes) October 14, 2018