Македонскиот селектор, Кирил Лазаров, признава дека не го очекувал високиот 34:24 пораз од Холандија во второто коло на СП во Полска, и додава дека мора да се оди на победа над Аргентина во третото коло за пласман во втората фаза.
„Холанѓаните ја заслужија победата, беа подобри, но не сум задоволен како игравме на првите два наатпревари, иако знаевме дека противниците се поквалитетни од нас. Мораме да ја научиме лекцијата, да играме тимски. До 43. минута беше четири гола разлика и потоа паднавме на -10. Имаме млади ракометари кои првпат играат на ваков турнир, ги нема веќе ѕвездите и тоа се чувствува. Сега, мораме да се мобилизираме и да се подготвиме добро за Аргентина. Дојдовме тука по една победа и сметам дека можеме да дојдеме до неа“, вели Лазаров.
Фото: РФМ