Новиот македонски селектор, Кирил Лазаров му даде три гола на својот поранешен клуб ППД Загреб за Нант да стигне до 30:28 победа над хрватскиот клуб и да го остави без поен во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона.
Иако во поголемиот дел од мечот исходот беше неизвесен, францускиот клуб на крајот стигна до победа со два гола разлика за да се доближи до борбата за првите четири места во групата Б. Ветеранот Валеро Ривера повторно беше најдобар за Нант со 10 гола, Адријан Фигуераш додаде шест, додека за Загреб, Матеј Хрстиќ со 5 гола беше најефикасен.
Пари Сен-Жермен пак, со 37:26 го растури лидерот во групата А, Кјелце, доминирајќи во текот на целиот натпревар за конечно да се вратат во добра форма. Лук Стаинс и Микел Хансен постигнаа по шест гола за тимот на Раул Гонзалес, додека за Кјелце, Шимон Сицко заврши со шест. Кјелце останува лидер на групата со 15 поени пред Флензбург со 15 и ПСЖ со 12.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Пари Сен-Жермен – Кјелце 37:26 (19:10)
Табела: 1.Кјелце 17, 2.Флензбург 15, 3.ПСЖ 12, 4.Мешков 11, 5.Пик Сегед 10, 6.Порто 8, 7.Елверум 5, 8.Вардар 4
ГРУПА Б
Кил – Алборг 28:26 (15:15)
Нант – ППД Загреб 30:28 (13:14)
Табела: 1.Барселона 24, 2.Веспрем 17, 3.Алборг 12, 4.Мотор 12, 5.Кил 11, 6.Нант 10, 7.Целје 6, 8.Загреб 0