Top Sport

Лазаров и Нант подобри од Вардар во клучната последна минута во Стразбур

Вардар играше многу подобро, но сепак, загуби со 29:27 од Нант на „Еуротурне“ турнирот во Стразбур, еден ден по огромниот пораз од Мешков Брест.

„Црвено-црните“ имаа убав старт на мечот и водство од 8:4, пред тимот на Кирил Лазаров да се врати на 8:8, по што следуваше израмнета игра до крајот на полувремето, на кое Вардар имаше 15:14.

Израмнетиот меч продолжи и во второто полувреме и во последната минута од мечот беше27:27, пред Нант да поведе со гол-разлика, по која Вардар наместо да израмни направи уште една грешка за пораз од два разлика.

Следно за „црвено-црните“ е дуел со македонскиот ривал Металург во првото коло на СЕХА-лигата веќе в среда навечер.

Scroll to Top