Top Sport

Лазаров: Како колектив сме подобри од Црна Гора

Македонските репрезентативци се подготвуваат за натпреварот со Црна Гора, на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Овој дуел е клучен за двете селекции за понатамошните амбиции на првенството. Македонија и Црна Гора, во првата рунда беа поразени од Словенија, односно Данска.

Пред утрешниот натпревар, селекторот на Македонија одржа прес конференција.

„Нема да ја потценам Црна Гора. Имаат добри индивидуалци, можеби индивидуално се подобри од нас, но сигурен сум дека како колектив ние сме посилни. Ја анализираме нивната игра. Јасно е дека треба да се концентрираме на нашата игра, а не на она што ќе го игра противникот. Само од нас зависи дали во иднина ќе бележиме добри резултати или не. Фокусот мора да биде поголем, против Словенија направивме премногу грешки“, вели селекторот Лазаров, кој поради повреда на ЕП нема да игра.

Натпреварот со Црна Гора, во Дебрецин, Македонија ќе го започне во 18 часот.

Фото/facebook.com/rfm

Scroll to Top