Top Sport

Лазаров: Потфрлија играчите на теренот

Селекторот на Македонија, Кирил Лазсров, не го криеше разочарувањето по елиминацијата од Европското првенство. Македонија, во второто коло загуби од Црна Гора и остана без шенси за пласман во втората фаза.

Техничките грешки, лошата игра со играч повеќе се причините поради кои Македонија не успеа да слави над Црна Гора.

„Не знаевеме што правиме. Очигледно е дека играчите имаа голем притисок, кога натпреварот не тргна добро. Се враќавме, бевме блиску, но наместо да се посветиме на нашата одбрана, ние цел натпревар бркавме разлика. Евидентно е дека треба да учиме уште многу, да тренираме, да работиме. Не можеме да ги преброиме грешките. Бев немоќен, што и да направам, како и да реагирам, како да се случуваше на филм. Не смеат така да играат играчи кои се натпреваруваат во Бундеслигата, во Лигата на шампионите. Стратегијата некогаш не е битна или си играч или не си. Ја загубивме главата на теренот, сакавме да победиме брзоплето, на македонски начин“, рече Лазаров.

Македонија, во понеделник, ќе игра против Данска, а потоа се враќа дома.

Scroll to Top