Македонскиот селектор Кирил Лазаров не го криеше разочарувањето од високиот 35:26 пораз од Аргентина на СП во Полска, со што првпат во историјата еден ракометен Мундијал го завршуваме без победа во групната фаза и ќе играме во таканаречениот Президентс куп најверојатно против три африкански репрезентации (Алжир, Тунис, Мароко).
Лазаров вели дека не очекувал победи во групната фаза, но и дека е разочаран што доживеавме три високи порази.
„Честитки за победата на Аргентина која е целосно заслужена. Можеби ова е нашата реалност, бидејќи не рангираа на последното место во групата. Македонија со осум дебитанти кои првпат се на големо првенство ќе мора да се потруди да ги достигне постигнувањата на претходните генерации. Не очекувавме победи во групата, но верував во порази од три-четири гола разлика, а не со двоцифрена разлика. Не сум задоволен од покажаното“, изјави Лазаров на прес-конференцијата по мечот.
Новата македонската ракометна реалност – трет катастрофален пораз, Аргентина не „уништи“