Top Sport

Лазаров: Против сите во групата сме благи фаворити

Капитенот на ракометната репрезентација Кирил Лазаров, во пресрет на Европското првенство, смета дека Македонија е фаворит во својата група за пласман во наредната фаза.

„Воопшто не се сомневам дека имам квалитет да ја минеме групата. Сепак мораме да одиме чекор по чекор. Сите репрезентации против кои ќе играме во групата сме ги победувале. Но треба да бидеме внимателни. Сметам дека сме благи фаворити против сите, дури и против Австрија која е домаќин“, рекол Лазаров.

Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка ќе се одржува од 10 до 26 јануари наредната година.

Македонија се наоѓа во Б-групата, а противници покрај домаќинот Австрија ќе и бидат уште Чешка и Украина.

Македонија ЕП ќе го отвори на 10 јануари против Украина (20.30 часот), Чешка ќе биде вториот противник на 12 јануари (16 часот), а пртив Австрија македонските репрезентативци ќе се соочат на 14 јануари (18.15 часот).

Scroll to Top