Лино Червар по само пет месеци го напушта кормилото на ППД Загреб. Челниците на клубот биле незадоволни од резултатите што ги постигнува клубот, а клучен за отказот на Червар, бил катастрофалниот пораз во Лигата на шампионите од Цеље (31:20).
Според хрватските медиуми, Червар и раководството на ППД Загреб се договориле спогодбен раскин на соработката. Червар во клубот ќе останел до Нова Година, а потоа функцијата ќе ја преземе прославениот ракометар Тончи Валчиќ.
Червар покрај во Загреб како тренер работел и во Умаг, Загреб и Металург. Во клубот од Автокоманда се задржал најмногу од 2009 до 2017 година. Бил и селектор на Италија, Хрватска и Македонија. Со Хрватска бил светски и олимписки шампион.