Top Sport

ЛШ: Барса го „смачка“ и Мотор, Веспрем „падна“ во Полска

Европскиот шампион Барселона повторно ја покажа доминацијата откако со 36:25 го совлада Мотор Запорожје во второто коло на ЕХФ Лигата на шампиони, додека Кјелце го „торпедираше“ Веспрем во првото полувреме, за на крајот да изддржи за голема 32:29 (17:12) победа над унгарскиот фаворит.

Дика Мем беше најефикасен за каталонскиот клуб со осум постигнати голови, а победата не беше неизвесна во ниту еде момент. Во Полска, пак, Кјелце имаше фантастично прво полувреме во кое направи пет гола предност, за во второто да го спречи камбекот на Веспрем. Алекс Душебаев заврши со седум гола, Аркадијуш Морито додаде шест за Кјелце, додека кај Веспрем убедливо најефикасен беше Петар Ненадиќ со девет гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО, ГРУПА Б

Барселона – Мотор 36:25 (16:13)

Кјелце – Веспрем 32:29 (17:12)

Порто -Флензбург 20.45 ч.

Пари Сен-Жермен – Динамо Букурешт 20.45 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top