Top Sport

Наполи продолжува да „гази“, Лацио со многу среќа во Торино!

Наполи го продолжи неверојатниот старт на новата сезона во Серија А, забележувајќи ја петтата победа во пет кола, доминирајќи во Џенова кај Сампдорија за 0:4 победа. Со трите поени, тимот на Лучано Спалети , кој му даде шанса на Елиф Елмас да влезе во игра во последните 20-тина минути, во се врати на првото место на табелата со максимален учинок, со два поени пред Интер и Милан.

Нигериецот Виктор Осимен, кој минатата сезона беше критикуван поради недостатокот на  голови, уште во 10. минута го отвори резултатот, пред Фабијан Руиз да зголеми на 2:0 во 39. минута. Осимен во 50. минута го постигна својот втор гол, а Пјотр Зиелински само девет минути подоцна зголеми на 4:0.

Торино пак, примија гол во 91. минута од пенал, за да пропуштат победа над Лацио, во меч кој заврши 1:1. „Џокер“ на „биковите“ повторно беше Марко Пјаца, кој постигна гол во 76. минута од мечот, но Чиро Имобиле од пенал во 91. минута донесе поен за гостите од Рим.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Сампдорија – Наполи 0:4

Торино – Лацио 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top