Top Sport

ЛШ: Нант и Лазаров со голема победа во Кил, Веспрем го „уништи“ Загреб

Нант на Кирил Лазаров стигна до импресивна, и помалку неочекувана, 27:35 победа на гостувањето кај Кил за прва победа во второто коло од групата Б во ЕХФ Лигата на шампиони, каде што Веспрем се промовираше во прв фаворит со убедливиот 37:25 триумф над Загреб.

По првите десетина минути на израмнета игра, Нант од 6:6 стигна до 10:6 водство, кое потоа не го испушти до крајот на мечот.  Валеро Ривера беше апсолутно фантастичен за Нант со 10 постигнати голови, Фигуераш додаде шест, додека македонскиот капитен Лазаров имаше два постигнати гола. За нерасположените Кил, Хендрик Пекелер и Сандер Сагосен постигнаа по четири гола.

Во Унгарија пак, Веспрем не му даде ниту мала шанса на Загреб, кои овојпат загубија со 12 гола разлика откако во првото коло Кил ги победи дома со 10 гола разлика. Фати Омар имаше шест гола за унгарскиот клуб, Петар Ненадиќ додаде пет, додека за „плинарите“ најефикасен беше Матеј Хрстиќ со шест гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

Веспрем – ППД Загреб 37:25 (18:12)

Кил – Нант 27:35 (12:15)

Scroll to Top