Пари Сен-Жермен на поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес, се израмни со Барселона на врвот во групата А во Лигата на шампионите по победата од 32:29 на гости кај Алборг, додека Пик Сегед го „заддржа“ темпото со водечката двојка со импресивна 34:22 победа на гости кај Целје во Словенија.
ПСЖ имаше предност од три гола на полувреме, но победата не ја обезбеди до последните пет минути од мечот. Сандер Сагосен и Микел Хансен постигнаа по седум гола за гостите, а Лука Карабатиќ додаде пет гола. За Алборг, Магнус Јенсен беше најефикасен со шест гола.
Поранешните европски шампиони, ППД Загреб пак, конечно, успеаја да стигнат до првата победа во ЛШ оваа сезона, откако со 30:27 ги победија Елверум во дуел на двете последнопласирани екипи. Со победата, „плинарите“ на Веселин Вујовиќ останаа во игра за пласман во осминафиналето на ЛШ.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А
Алборг – Пари Сен-Жермен 29:32 (14:17)
Целје – Пик Сегед 22:34 (11:19)
ППД Загреб – Елверум 30:27 (16:13)
Табела: 1.Барселона 16, 2.ПСЖ 16, 3.Пик Сегед 15, 4.Алборг 8, 5.Флензбург 7, 6.Целје 6, 7.ППД Загреб 3, 8.Елверум 1
FULL-TIME: #aalborghaandbold 29:32 @psghand
Aalborg kept pushing and pushing but Paris held firm to edge a fantastic game of handball and crucially pick up two more Group A points!#veluxehfcl pic.twitter.com/cOhWTv4nIM
— EHF Champions League (@ehfcl) November 24, 2019
FULL-TIME:@RKZagreb 30:27 @ElverumHandball @RKCPL 22:34 @pickhandball #Zagreb get the win! The match between Group A's winless pair was a gruelling one… but it's the hosts who are celebrating!
In Slovenia it was a comfortable day for #Szeged who won by 12 against #Celje pic.twitter.com/XyW96390Go— EHF Champions League (@ehfcl) November 24, 2019