Top Sport

Магдебург првпат на Ф4 во Лигата на шампиони

Магдебург е првиот потврден учесник на Фајнал фор турнирот во ракометната Лига на шампиони, откако во драматичен меч со 30:28 (13:13) го совладаа Висла Плоцк за свој најголем успех во европските натпреварувања.

Откако првиот меч во Полска заврши 22:22, и мечот во Германија беше израмнет до самиот финиш, во кој Магдебург пред својата гласна публика успеа да направи предност за да го осигураат билетот за Ф4 во Келн.

Холанѓанецот Каи Смитс беше прогласен за најдобар играч на мечот, откако постигна фантастични 14 гола, додека Михаел Дармгард додаде осум, додека за Висла, Сергеј Косоротов уфрли 8 гола.

Scroll to Top