Top Sport

Македонија декласирана од Норвешка, но пред себе имаме поважни битки

Македонската ракометна репрезентација не успеа да биде рамноправен противник на силната репрезентација на Норвешка во својот прв меч на Светското првенство во Полска и Шведска, губејќи со високи 39:27 (18:11), во меч иако тешко дека имавме надежи дека ќе го добиеме, очекувавме далеку подобра партија.

Норвежаните, кои се фаворитит за висок пласман, ги искористија сите слабости во нашата игра, додека селекцијата на Кирил Лазаров, подржана од фантастичните македонски навивачи на трибините во Краков, само на моменти покажуваа дека има потенцијал за многу повеќе. Како и да е, на Македонија и следуваат двата поважни мечеви од групната фаза, дуелите со Аргентина и Холандија, против кои би требало подобро да можеме да се разигруваме и да сметаме на позитивен резултат и пласман во втората фаза.

Норвешка бргу стигна до 2:0 водство на стартот на мечот, но сепак, бевме упорни во следните десетина минути успевајќи да дојдеме до 9:9 израмнување. Сепак, финишот на првото полувреме беше „кобен“, откако примивме премногу лесни голови со големи пропусти во одбраната, за Норвешка да има 18:11 предност по 30 минути. Норвешка стигна и до двоцифрена предност во средината на второто полувреме, за на крај да се задоволи со сигурен триумф.

Филип Талески со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Дејан Манасков додааде 5, а Филип Кузмановски застана на 4 гола. Кај Норвешка, Сандер Сагосен со шест гола и Себастијан Бартхолд со пет гола ја обезбедија победата.

Во другите вечерни мечеви од првата фаза, фаворитот Хрватска доживеа шокантен пораз од Египет од 31:22, додека Србија и Данска стигнаа до лесни победи – Србија со 36:27 го победи Алжир, додека Данска ја декласираше Белгија со 43:28.

СП ШВЕДСКА/ПОЛСКА 2023
ГРУПА Ф
Аргентина – Холандија 19:29 (11:14)
Норвешка – Македонија 39:27 (18:11)

ГРУПА Е
Германија – Катар 31:27 (18:13)
Србија – Алжир 36:27 (16:13)
ГРУПА Г
Мароко – САД 27:28 (12:12)
Хрватска – Египет 22:31 (12:16)
ГРУПА Х
Бахреин – Тунис 27:27 (16:15)
Данска – Белгија 43:28 (22:15)

Scroll to Top