Македонија со подмладен состав успеа да ја совлада Романија со 24:20 (10:12) и да го освои Трофеј Карпати подготвителниот турнир пред Европското првенство во јануари 2020 година.
Без големи промени во составот, тимот на Данило Брестовац губеше на стартот на мечот со 5:2 и 6:4, а Романија имаше и предност од 12:10 на полувремето. Во второто полувреме, играта беше дост подобра и Македонија се врати за водство од 16:15, кое го зголемивме на предност од два гола (18:16) предводени од одличниот Митревски на голот (кој заврши со 16 одбрани).
Романците успеаја да израмнат на 20:20, но Поповски и Маџовски ја вратија предноста од два гола (22:20), која ја зголемивме на четири гола разлика до крајот на мечот. Танкоски беше најефикасен со осум постигнати голови, додека Маркоски додаде четири за импресивна победа на подмладениот состав.
Подготовките со овој „комбиниран“ состав поминаа одлично за тимот на Брестовац – победи над Кувајт, Алжир и Романија и еден тесен пораз од Кувајт.
Фото: РФМ