Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе го започне својот настап на 14 Европско првенство. Во рамките на Б-групата противник на Македонија ќе и биде националниот тим на Украина.
Селекторот на репрезентацијата Данило Брестовац го одреди тимот што ќе им се спротивстави на Украинците. Место за 16 играчи што ќе бидат во протоколот за мечот немаше за Мартин Томовски и Мартин Серафимов.
Против Украина македонските ракометари прв пат ќе играат на едно големо натпреварување, во минатото двете селекции четири пати се сретнале во квалификациите за пласман на големите натпреварувања.
Мечот во Виена ќе започне во 20.30 часот. Претходно натпреварите во оваа група ќе ги отворат Австрија и Чешка.