Top Sport

Македонска ракометарка падна на допинг во Романија

Допинг-скандал ја тресе ракометна Романија. Дел од него е и репрезентативката на Македонија Наташа Нолеска. Таа заедно со уште три ракометарки на Корона Брашов признала дека во клиниката во Брашов примала терапија која е забранета со правилникот за допинг на Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

Ноолеска и трите ракометарки на Корона Брашов примале интровенозна терапија во клиниката во Брашов. Како што објавија медиумите во Романија, ракометарките од вчера се суспендирани, откако претходно признале дека примале терапии.

Романската анти-допинг агенција (АНАД) истражува дали ракометарките на своја рака ги земале терапиите или тоа било со знаење на клубот.

Суспендираните ракометарки пред АНАД искази ќе дадат на 4 декември.

Scroll to Top