Top Sport

Нема милост за поранешниот тим: Дејвис го реши Њу Орлеанс (Видео)

Богата програма со дури 13 натпревари понуди ноќта помеѓу средата и четвртокот во НБА лигата. Фаворитите забележаа победи, а индивидуално се истакнаа Ентони Дејвис, Џоел Ембид и Јонас Валанчунас.

ЛА Лејкерс гостуваа кај Њу Орлеанс и славеа 114:110. Ова беше првиот меч на Ентони Дејвис против својот поранешен тим. „Веѓата“ постигна 41 поен и стана првиот играч во историјата на НБА што постигнал најмалку 40 поени во својот прв натпревар против поранешниот тим.

Дејвис ја имаше клучната блокада на четири секунди до крајот кога спречи Њу Орлеанс да израмнат.

Леброн Џејмс мечот го заврши со 29 поени. Џејмс стигна до бројката од 33.008 поени и на вечната листат се наоѓа на четвртото место.

Пред Џејмс се Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928) и Коби Брајант (33:643).

Џоел Енбид на претходниот меч против Торонто не постигна ниту еден поен, но затоа блескаше против Сакраменто. Камерунецот со 33 поени и 16 скока ја предводеше Филаделфија до победата 97:91.

Драматичен меч одиграа Мемфис и ЛА Клиперс 129:131. Победникот го реши Монтрезл Херел кој поентираше на две секунди до крајот. Херел постигна 24 поени, исто колку и Лу Вилијамс. Поен помалку за Клиперс реализираше Пол Џорџ.

Кај Мемфис Литванецот Валанчунас забележа 30 поени и 16 скокови.

Резултати:

Бостон-Бруклин 121:110
Шарлот-Детроит 102:101
Кливленд-Орландо 104:116
Филалдефија-Сакраменто 97:91
Торонто-Њујорк 126:98
Хјустон-Мајами 117:108
Мемфис-ЛА Клиперс 129:131
Милвоки-Атланта 111:102
Сан Антонио-Минесота 101:113
Финикс-Вашингтон 132:140
Њу Орлеанс-ЛА Лејкерс 110:114
Портланд-Оклахома 136:119
Голден стејт-Чикаго 104:90

Scroll to Top