Top Sport

Мело: Понуда од РК Вардар не се одбива

Младиот португалски ракометар Нилтон Мело треба да биде ново засилување за РК Вардар 1961 во пресрет на новата сезона. Тој вели дека се изненадил кога му пристигнала понуда да потпише за „црвено-црните“ и едноставно не можечл да ја одбие.

Тинејџерот кој има само има само 19 години и игра на позицијата лев бек, треба да биде една од замените за Филип Талески, кој кариерата ќе ја продолжи во Бенфика.

„Имав неколку понуди каде да продолжам, но се одлучив за Вардар. Едноставно Вардар не се одбива. Бев изненаден што таков познат клуб бара тинејџер како мене“, изјави Мело.
Португалецот многу брзо треба да ја има и официјалната промоција во дресот на РК Вардар 1961.

 

Scroll to Top